Late Summer Dance Night на „Убавина и здравје“ повторно ги разигра и обедини бизнис и шоубиз-фелата

Настан што со нетрпение се очекуваше, а ќе се памети долго

Највлијателниот магазин за жени ,,Убавина и здравје“ и годинава, како минатата, ги воодушеви своите читателки, следбеници, пријатели и соработници со Late Summer Dance Night, која се одржа вчеравечер во Ederra Rooftop Wedding and Events во нашата престолнина.

Сезоната на одмори заврши, но тоа не значи дека треба да оставиме така да си замине летото. Магијата најдобро се заокружува со добра забава, весело друштво и многу танц, а целиот пакет на идеја и реализација за еден ваков вид настан и беше во организација на компанијата што го издава највлијателниот магазин за жени во регионот, списанието „Убавина и здравје“.

Одамна не сум поминала толку добро“, „Каква атмосфера, се изнаиграв“, беа коментарите кои гостите постојано ги упатуваа до организаторите.

Имено, на Rooftop-от на ресторанот Ederra вчеравечер се одржа Late Summer Dance Night, во организација на „Колор медиа плус“, компанијата издавач на „Убавина и здравје“, „Добра храна“, „Руски доктор“ и организатор на голем број настани и конференции, меѓу кои и „Профемина“.

Говорот на прекрасната Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, со убава мисла го најави отворањето на забавата, при што ги поздрави присутните и ги покани да ги почувствуваат новите мириси на Versace, Armaf и Nikos Sculpture и производите на La Roche Posay, Vichy, Esensa и Neutrogena.

Прекрасното доживување на гостите го надополнија освежителните пијалаци на Sax London Dry Gin, Lajthiza Water, Jaffa, Pivara Skopje и на AWT, како и вкусните закуски на Bako и на Vitalia.

За расположението на присутните задолжени беа бендот Нино и Мац, додека за вториот дел од програмата атмосферата ја зачини музичкиот репертоар на Dj Guardian, при што гостите играа без престан.

Меѓу познатите можевме да ја забележиме Викторија Лоба Калешов, Вера Мештеровиќ, Јелена Спенџарска, Мартина Михајловска, Александар Блажевски, Роберт Билбилов, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Милена Антовска Станковска и уште многу други познати, инфлуенсери и луѓе од јавната сфера.

Убави луѓе, прекрасна атмосфера, одлична забава, вкусни пијалаци, забава и смеа – накратко, ова е описот на забавата во магазинот „Убавина и здравје“, кој покрај долгогодишното влијание во печатот и дигиталните медиуми, како и на социјалните мрежи, стана синоним за организатор на најубавите настани и забави во нашата земја и во регионот, кои со нетрпение се очекуваат!

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии…

Целосните впечатоци од забавата за паметење можете да ги побарате на:

Facebook: @ubavinaizdravje.mk 

Instagram: ubavinaizdravje.mk

Текст: Николина Славковска

Фото: Ирина Крстевска и Драган Митревски

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.