Ламбе Алабакоски го ПРИЗНА делото: Осуден на условна казна од 6 месеци!

Пејачот ја прифати казната

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци.

Алабаковски, кој го признал делото, е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Тој се согласил на ваквата казна, според пресудата на основниот суд во Битола, а уште за време на истрагата го признал делото, но не кажал од кои мотиви го сторил.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.