Креаторка ги обвини сестрите Беквалац дека ја покрале: „Кога го видов, не можев да се смирам!“

Фото: Инстаграм

Дизајнерката Невена Ивановиќ тврди дека новиот спот на Наташа Беквалац и Стефан Ѓуриќ Раста за песната „Из далека“ е копија на нејзиниот моден перформанс

Својот прв дует Наташа Беквалац и Стефан Ѓуриќ Раста го објавија изминатиот викенд и веќе претендира да стане голем хит.

Освен што е воодушевена од песната и, генерално, спојот, публиката е воодушевена и од спотот, кој е несекојдневен.

Сепак, младата и успешна дизајнерка Невена Ивановиќ тврди дека спотот е копија на нејзиниот моден перформанс и кампања со кој ја претстави својата колекција Juunishineo на холандскиот фестивал „Фешн клаш“ во февруари годинава, за што подетално зборува во видеоснимката објавена на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEO Design (@neodesign.neo)

Имено, бидејќи помладата сестра на Наташа, Кристина Беквалац, се потпишува како стилистка за потребите на целиот спот, дизајнерката Невена, која е едно од најпочитуваните имиња на српската модна индустрија, за овој „делумен грабеж“ ја „обвинува“ токму неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

Меѓу другото, Невена тврди дека Кристина и други познати имиња на естрадната сцена ја контактираат за соработка, но кога ќе им каже дека мора да платат за изнајмување на костимите, се откажуваат од тоа.

Кога вчера ја видов објавата на Кристина врзана за спотот, не можев да се смирам затоа што не ми се верува колку далеку можат да одат некои луѓе. Сето тоа би било супер да не е делумно украдено. Всушност, сите што ја познаваат мојата работа, а особено од 2021 година, што се разбираат барем малку во естетика, дизајн, уметност, ќе знаат дека идејата е украдена од мојот перформанс“, вели Невена во почетокот на своето обраќање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEO Design (@neodesign.neo)

За жал, не ги заштитив авторските права затоа што не знаев дека ќе дојде до ова, но дојде. Така што, законски, не можам да преземам нешто… немам ни енергија да се занимавам со ова! Се’ додека креирам, некој ќе ме копира, но тој секогаш ќе биде чекор зад мене. Жал ми е то другите заработуваат на туѓите идеи“, додаде креаторката.

Дали ќе се огласи по овој повод самата пејачка, останува да видиме…

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.