Кралското семејство на божиќна миса: Кејт и малата Шарлот биле вистинска атракција, а кралицата воодушевила со стајлингот!

Прв пат без принц Хари

Не дошол ни малиот принц Луис, бидејќи Вилијам и Кејт одлучиле да не го поведат со себе

Британското кралско семејство вчера наутро традиционално се упатило на  божиќна миса.

Во црквата Света Марија и Магдалена во Сандрингем отишле принц Вилијам, неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните две деца, принц Џорџ и принцезата Шарлот.

https://www.instagram.com/p/B6hxlRUnYwv/

Со нив отишле и принц Чарлс и Камила Паркер, како и принцезата Ана и кралицата Елизабета, која го привлекла сето внимание облекувајќи се од глава до пети, што многу ретко го прави.

https://www.instagram.com/p/B6hgsJEHrYR/

Сепак, присутните најмногу се забавувале гледајќи во најмалите наследници на британското кралско семејство.

https://www.instagram.com/p/B6homjDgU56/

Како и секогаш кога ќе се појави, малата принцеза Шарлот била вистинска атракција, а со неа и мајката Кејт која постојано го смирувала немирното девојче. Облечени во елегантни капути, Шарлот во зелен, а Кејт во сив, навистина биле симпатична глетка додека практично јуреле низ дворот на црквата.

https://www.instagram.com/p/B6he2KyH4so/

Шегите настрана, изгледа било време и полека да се воведе малата принцеза во кралските должности – како и мајка и’, слободно им пришла на собраните луѓе кои ја викале, а една жена ја прегрнала и и’ подарила балон во форма на фламинго.

https://www.instagram.com/p/B6htQLZHZMu/

Иако важи за модна икона, Кејт овој пат разочарала со строгото издание – во сивиот капут изгледала по малку безживотно, а ситуацијата не ја спасил ни прекрасниот зелен шешир, кој требало да ја отвори целата комбинација, како ни чантата и чевлите во иста нијанса.

https://www.instagram.com/p/B6hhPAzHxmu/

Како што беше најавено, принц Хари и Меган Маркл не дошле на традиционалната миса поради приватен одмор, иако многумина до последен момент се надевале дека сепак ќе ги видат денес. Исто така, Вилијам и Кејт одлучиле да не го поведат најмалиот син, принц Луис.

https://www.instagram.com/p/B6hfkbWnMGi/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.