Кралските експерти тврдат: „Меган има целосна контрола над животот на принцот Хари“

Таа го натерала да се повлечат од кралските должности

Принцот Хари (35) целосно се промени откако ја запозна Меган Маркл (38), велат експертите за кралското семејство, пишува PageSix. Уверени се дека Меган стои зад одлуката да се повлечат од кралските должности и дека неговата сопруга го наговорила на тоа.

Таа е таа која сакаше повторно да живее во Канада и Калифорнија, каде се чувствува среќно. Сака да го оттргне синот Арчи од рестриктивните и наметливи политики на Бекингемската палата, велат кралските експерти.

https://www.instagram.com/p/B4kTWT_FK5u/?utm_source=ig_embed

Односот меѓу браќата е напнат откако Хари ја запозна Меган, но работите се влошија откако тие се венчаа. Хари и Меган не поминуваа многу време заедно со Вилијам и Кејт, а жените воопшто не се ни согласуваа. Вилијам и Кејт се повеќе формални и се согласуваат со кралскиот протокол, а Хари и Меган се целосно спротивни. Немаат ништо заедничко, изјави извор од кралското семејство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.