Кралот на Тајланд зел 20 љубовници и се изолирал во најлуксузниот хотел: Целиот свет пишува за него!

На одмор

Жителите на Тајланд се огорчени, почнале да протестираат иако тоа им е забрането со закон

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн се самоизолирал од коронавирусот со 20 свои конкубини во еден од најлуксузните хотели во монденскиот скијачки центар Гармиш-Партенкирхен во Германија.

Кралот, инаку познат и како Рама Десетии, покрај конкубини, со себе повел и бројни слуги.

https://www.instagram.com/p/B5-dVBNhftZ/

Наводно, тој го закупил цел „Гранд хотел соненбихил“, хотели со четири ѕвезди, пишува „Интернешнл бизнис тајмс“.

Тамошните пансиони и хотели се затворени поради коронавирусот, но хотелот во кој се изолирал 64-годишниот тајландски крал е исклучен од тоа правило.

Портпаролот на локалниот окружен совет рекол дека тоа е така затоа што сите гости се од една група луѓе.

https://www.instagram.com/p/B5-EVWThLGX/

Во меѓувреме, Тајланд се бори со пандемија на КОВИД-19, знаејќи дека кралот е на одмор.

Граѓаните поради почнале да протестираат преку Интернет и медиумите, кршејќи ги притоа строгите закони кои им забрануваат да го критикуваат кралот.

Хаштагот #зошто ни треба крал е споделен дури 1,2 милиони пати на Твитер, а го поставил еден активист што се наоѓа на егзил во Франција.

Кралот Рама Десетти не е виден во јавност во Тајланд уште од февруари. Познат е по тоа што не е често во својата земја, а најчесто времето го поминува во Германија со љубовницата. Се знае и дека имал многу жени, како и бурни разводи.

Тајланд досега забележал повеќе од 1.385 случаи на коронавирус, а седум лица починале. Само во саботата се забележани 109 нови случаи на болеста.

Хотелите на Кристијано Роналдо ќе бидат претвори во бесплатни болници за третман на болните од коронавирус

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.