Кралицата ја убила секоја шанса за смирувањето на Вилијам и Хари: Еве што наредила!

Откриен е протоколот за погребот на принц Филип

Скараните браќа нема да имаат можност ни малку да се зближат на погребот на својот дедо поради протоколот што го одредила кралицата

По одлуката на погребот на принц Филип да се прекрши традицијата на носење воени униформи, кралицата Елизабета донела уште една одлука: принцот Вилијам и принцот Хари нема да смеат да стојат еден до друг на погребот.

Помеѓу нив двајца зад ковчегот на принцот Филип ќе оди нивниот роднина Питер Филипс. Кога ќе стигнат во виндзорската капела, Вилијам уште повеќе ќе се оддалечи од својот помлад брат, бидејќи кралицата пропишала нивните места на седење да бидат оддалечени едно од друго.

Откако бил откриен овој дел од протоколот, започнале и коментарите дека кралицата со таа постапка ги уништила сите шанси семејството да покаже единство во тежок момент и оттуѓените браќа повторно да се зближат.

„Ова е погреб и нема да има драма на него. Протоколот е одреден според желбите и одобрувањата на кралицата“, изјавил кратко претставник за јавност на Бакингемската палата.

Поради епидемијата на коронавирус, погребот на принц Филип ќе биде поинаков од вообичаено. Помеѓу другото, кралицата ги донела и следниве одлуки:

  • Кралицата ќе носи маска и ќе биде на дистанца
  • На погребот ќе присуствуваат вкупно 30 лица колку што е дозволено поради епидемијата, и тоа ќе бидат најблиските членови на семејството
  • Единствената личност што ќе присуствува на погребот, а не е член на кралското семејство, ќе биде грофицата Маунтбатен од Бурма, Пенелопе Кнечбул, која му била блиска пријателка на принцот Филип.
  • Дури 1.000 луѓе кои инаку би дошле на погребот не добиле покани, вклучувајќи ја снаата на кралицата, војвотката од Кент, сопругата на принцот Едвард.

Погребот на принц Филип ќе се одржи утре, со почеток од 15 часот по локално време.

Откирени деталите: Еве што нема да биде дозволено на погребот на принцот Филип
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.