Кралицата Елизабета одлучи: Вилијам и Кејт ќе го добијат дворецот Виндзор, принц Ендру ќе биде протеран во Шкотска, а Меган и Хари…

Донела одлука

По прославата на големиот јубилеј на владеењето на кралицата Елизабета, ни пристигнуваат нови вести – кралицата на некој начин на сите им го дала тоа што го заслужуваат

Кралицата Елизабета на сите им дала онолку колку што заслужуваат: Вилијам и Кејт, како највредни членови на кралското семејство, ова лето ќе се доселат во дворецот Виндзор.

Принц Ендру, кој е обвинет за педофилија и злоупотреба на малолетници, ќе биде протеран во Шкотска.

А принцот Хари и Меган Маркл од кралицата ќе добијат само 15-минутни службени посети – сосема доволно.

Но да почнеме од почеток!

Кралицата Елизабета водела тајни разговори со војводата од Јорк и постарите членови на кралското семејство во врска со тоа како би можело да му се помогне на принцот Ендру да си го врати добриот углед, далеку од очите на јавноста. Сепак, синот е син.

Од друга страна, кралицата им посветила само 15 минути внимание на Хари и Меган за време на една од службените посети. Двојката престојувала во Англија цели 4 дена, но посетата била службена и многу ладна. Сосема очекувано откако минатата година го оцрнија кралското семејство во едно од најпознатите и најскандалозните интервјуа.

Изгледа дека кралицата веќе одлучила принцот Чарлс да ја наследи,  бидејќи се открива дека тој ќе продолжи да живее и работи од Бакингемската палата.

Па така, дворецот во Виндзор е слободен и во него можат да се вселат Вилијам и Кејт со децата.

Оваа одлука била донесена пред 40-тиот роденден на Вилијам и претставува своевиден подарок од кралицата за внукот, но принцот Вилијам се пошегувал дека сето тоа му е малку „застрашувачко“.

Кралицата Елизабета и малата Лилибет, немаат ниту една заедничка фотографија: Зошто е тоа така?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.