Кралицата Елизабета никогаш повеќе нема да им се врати на кралските должности: Ќе биде во изолација со години?

Последица од коронавирусот

Членовите на семејството и властите во Велика Британија строго ја чуваат кралицата

Британската кралица Елизабета (94) моментално се наоѓа во изолација во дворецот Виндзор поради сѐ уште актуелниот коронавирус.

Нејзиното опкружување и политичките службеници строго го чуваат здравјето на кралицата, па сосема извесно е дека никој нема да ја види во живо минимум до крајот на летото. Најнеопходните обраќања ќе ги врши преку видеолинк.

Сепак, многумина шпекулираат дека кралицата всушност никогаш повеќе нема да се врати на регуларното извршување кралски должности, бидејќи се зборува дека опасноста од коронавирусот ќе биде присутна со години.

Кралицата не сака да престане да работи, но нема да им се спротивстави на советите. Таа секојдневно ги добива сите информации преку Интернет, како и преку разговорите со премиерот Борис Џонсон еднаш неделно.

„Нејзиниот дневник со обврски е празен сѐ до есента. Прославата ’Поздрав со бои’, како и бројните летни забави во градината се откажани. Тешко дека таа некогаш ќе се врати на ’нормалното извршување должности’“, изјавил кралскиот биограф Ендру Мортон.

„Овој вирус ќе биде присутен со месеци, ако не и години. Ќе биде премногу ризично ако кралицата почне секојдневно да се среќава со луѓе. Таа отсекогаш ги обожавала тие средби, но смее да преземе олкав ризик“, додал тој.

Една од главните грижи на кралицата Елизабета е дека ќе го зарази принцот Филип (98) кој и онака има нарушено здравје.

За првпат по 27 години, Бакингемската палата е затворена за туристи и така ќе остане најмалку до крајот на летото. Целта е да се заштитат и сите луѓе од палатата кои би можеле да дојдат во контакт со кралицата или со луѓето кои ја служат.

Животната приказна на Елизабета Втора: Најдолговечната владетелка на Велика Британија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.