Кралицата Елизабета ја запознала правнуката Лилибет: Еве како поминала првата средба!

Кралско семејство

Вака реагирала кралицата Елизабета кога ја здогледала својата истоименичка

Меган Маркл и принц Хари станаа родители на малата Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор во петокот на 4 јуни.

Едвај чекале да стигнат во својот дом за малиот Арчи да ја запознае сестра си, но и да му ја претстават на кралското семејство, особено на кралицата Елизабета.

Извори блиски на кралското семејство и на младите родители за магазинот „Пипл“ рекле дека кралицата ја запознала истоименичката преку видеоповик.

„Беа возбудени и едвај чекаа да ја споделат веста за раѓањето на нивното второ бебе“, велат анонимните извори.

Јавноста била изненадена од податокот дека двојката ја криела веста за породувањето дури два дена, што меѓу другото, ги прекршува обичаите на кралското семејство.

Исто така, веста за запознавањето на Елизабета со своето единаесетто правнуче доаѓа по озборувањата дека кралицата не е среќна поради изборот на име за детето на Хари и Меган.

Според изјавата што ја објавила двојката, Лили е наречена и по својата прабаба кралицата Елизабета и по покојната баба, принцезата Дајана:

„Лили го доби името по својата прабаба. Семејниот прекар на нејзиното Величество кралицата е Лилибет. Нејзиното средно име, Дајана, е одбрано во чест на нејзината сакана покојна баба, принцезата од Велс.“

Лилибет е инаку многу приватен прекар на англиската кралица со кој ја нарекувале само најблиските членови на семејството. Уште кога била девојче, така ја викал нејзиниот татко кралот Џорџ, бидејќи не можела убаво да го каже своето име, а потоа сè до смртта така ја викал и принцот Филип.

Многумина ја протолкувале оваа постапка на Хари и Меган како обид да ги поправат односите со кралското семејство по скандалите со неодамнешното интервју што го дале за Опра Винфри, како и со тоа што се преселиле во Америка.

Нови проблеми: Меган Маркл и Хари не ја прашале кралицата Елизабета за користење на името Лилибет
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.