Кралицата е повторно чекор понапред: Елизабета им ги украла петте минути на слава на Хари и Меган!

Џабе им е Опра, мора да се знае кој е главен!

Кралицата ќе им украде и овие „пет минути слава“ на внукот и снаата

Кралицата Елизабета Втора и овој пат ќе ги украде светлата на рефлекторите. Имено, таа најавила дека на 7 март официјално ќе ѝ се обрати на нацијата преку телевизија за да им даде поддршка на принц Чарлс и принц Вилијам, а сето тоа само неколку часа пред да се емитува долгоочекуваното и бомбастично најавуваното интервју што Меган и Хари ѝ го дале на познатата водителка Опра Винфри.

Нејзиното величество требала да присуствува на годинешната служба на Комонвелт на 8 март – но тоа било откажано првпат во речиси половина век, поради пандемијата на коронавирус, објавила Вестминстерската опатија.

Наместо тоа, кралицата одлучила да ја сподели својата годишна порака 24 часа порано, за денот на прославата на Денот на Комонвелт, во однапред снимен говор во дворецот Виндзор, кој ќе се емитува на Би-Би-Си во недела на 7 март.

На кралицата, во емисијата што ќе ја води Анита Рани, ќе ѝ се придружат и принц Чарлс и Камила Паркер, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, како и преостанатите членови на кралското семејство, кои ќе зборуваат за значењето на Комонвелтот, за кој е познато дека има посебно место во срцето на кралицата.

Обраќањето на кралицата ќе биде прикажано на милиони луѓе само неколку часа пред емитувањето на интервјуто на Хари и Меган, кое ќе го прикажува американската мрежа Си-Би-Ес.

Случајност? Хм, познавајќи ја кралицата Елизабета, сигурни сме дека не е!

Изгледа дека Бакингемската палата уште еднаш успеала да ги регрупира своите сили и да го сврти вниманието на јавноста кон себе, за да го минимизира ефектот на појавувањето на Хари и Меган во јавност, како што е најавено, со детали од приватниот живот, како од нивниот, така и од целото кралско семејство.

Тоа не би требало да нè чуди, бидејќи општо познато е дека Елизабета Втора е остар противник на изнесувањето на „валканиот веш“ на семејството во јавност, а многу е вешта и во тоа да го сврти вниманието на јавноста кон она што е важно за неа со добра ПР-стратегија.

Најнеобичното кралско правило: Кралицата Елизабета Втора не му го дозволува ова никому во семејството
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.