Крај на судската сага: Анџелина Џоли „пушти срце“

Таа и Бред Пит успеаја да постигнат договор

Славната холивудска двојка Бред Пит (55) и Анџелина Џоли (44) конечно успеа да се договори за старателството над нивните шест деца по влечкањето низ судниците во времетраење од две и пол години.

Бившите сопружници имаа голем број судски рочишта, а Бред во неколку наврати истакнуваше дека Анџелина го кочи процесот, иако токму таа го поднесе барањето за развод.

Со договорот меѓу нив, актерката се согласила ова лето децата да бидат со својот татко на неговиот луксузен имот. Причината е што таа е зафатена со снимање филм.

Извор близок на парот, за медиумите кажал дека Бред е пресреќен што ќе биде со децата затоа што и не ги гледал многу по разводот, а пресреќни биле и неговите родители.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.