Конечно: Милица Тодоровиќ и Славица Ќуктераш ги добија резултатите од тестирањето на коронавирусот (ФОТО)

По борба со вирусот долга 21 ден

Милица Тодоровиќ и Славица Ќуктераш се двете српски пејачки и другарки што се заразија со коронавирусот и веќе три недели се заедно во изолација.

Според написите во српските медиуми, Славица имала полесна форма на болеста, додека, пак, Милица имала поизразени симптоми, како што се истоштеност, премаленост, болка во мускулите, кашлица, кивавица и покачена телесна температура. Токму високата температура придонесувала да се чувствува премалено, иако на сите начини се обидува да ја снижи и да оздрави.

(Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

Двете колешки со нетрпение ги чекаа резултатите од третиот тест на вирусот, па конечно ги добија и споделија на Инстаграм.

Конечно, феноменални вести! По 21 ден нашите резултати се негативни“, осамна на нивните инстаграм-профили, со што ги израдуваа своите пријатели и обожаватели.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.