Конечно: Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Среќна вест за обожавателите на славната двојка

Многубројните обожаватели на поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит, кои се една од омилените холивудски двојки, конечно ќе се израдуваат бидејќи се очекува славните актери да се спојат вечерва на 77-то доделување на „златните глобуси“. Откако се разведоа по пет години брак во 2005 година, избегнуваа да се појавуваат заедно на настани од шоу-бизнисот.

Холивудските медиуми пренесуваат дека тие можеби заедно ќе се појават и на црвениот килим во Беверли Хилс и ќе седат еден до друг.

Анистон (50) е номинирана за најдобра актерка за серијата „Добро утро Америка“, а Пит (56) има номинација за најдобра споредна улога за „Беше еднаш во Холивуд“.

Тие беа во брак од 2000 до 2005, по што Пит ја почна врската со Анџелина Џоли.

Нивни пријатели велат дека двајцата, откако се разведоа од сопружниците, го обновиле пријателството и имаат голема почит еден за друг.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.