Конечната одлука на судот во случајот на Бред и Анџелина ќе ја изненади светската јавност

На истоштувачката борба конечно ѝ се наѕира крајот

Борбата за старателство над своите шест деца на Бред Пит и Анџелина Џоли траеше цели четири години, а сега, судејќи по написите на светските медиуми, конечно ѝ се наѕира крајот.

Имено, близок извор на адвокатот на актерот открил за магазинот „Њу идеја“ дека Бред ќе добие старателство над децата.

Речиси е невозможно судот во Калифорнија да ги оддели децата од таткото, кој очигледно работел на себе и кој со сите сили се бори за нив“, открил изворот за споменатиот магазин.

Bred Pit i Anđelina

Според изворот близок на адвокатскиот тим на Бред, актерот ќе добие заедничко старателство над Нокс, Вивиен и Шајло Џоли Пит.

Бред конечно ќе го почувствува вкусот на победата“, открива анонимниот извор.

Пакс и Захара, постарите посвоени деца на Анџелина и Бред ќе имаат можност да изберат, а според изворот, тие најверојатно ќе се определат за живот со мајка си. Најстариот посвоен син на популарната двојка, Медокс, не е дел од судскиот процес, бидејќи законски се смета за возрасна личност, која јавно ја избра мајчината страна.

Бред знае дека го изгубил Медокс и дека ништо не може да направи, но се надева дека со другите деца ќе успее повторно да го изгради односот и да ги надомести четирите загубени години.

Борбата меѓу Анџелина и Бред беше истоштувачка, па дури и „валкана“. Во еден миг, адвокатскиот тим на Анџелина го претстави Бред како неспособен татко, но актерот успеа да се избори за можноста да им се докаже на децата и на судот.

 

 

View this post on Instagram

 

🆕🆕

A post shared by Jolie Pitt Kids (@joliepittkids_) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.