Кога влегла во пубертет, почнало да ѝ расте брада: „Се бричев 2 пати дневно, а потоа одлучив да заминам во циркус“

Се прифатила себеси

Ако сте се прашувале како навистина изгледа животот на „брадестата дама“ од циркусот, ова е вистинскиот текст за вас.

Во моментот кога Дакота Кук, која има 30 години, влегла во пубертет, забележала дека ѝ растат влакненца на лицето.

Набрзо се посветила на козметичките третмани, секоја недела одела на депилација со восок и го бричела лицето два пати дневно, сметајќи дека така ќе ги отстрани влакненцата и ќе изгледа женствено.

Дакота со години се чувствувала несигурно и осудено поради проблемот што ѝ настанал во пубертетот. Паднала во депресија и анксиозност и воопшто не се почитувала себеси.

И покрај тоа што направила повеќе тестови, никому не му било јасно што предизвикало влакнавост на лицето на Дакота. Докторите веруваат дека е нешто поврзано со нејзините надбубрежни жлезди, кои произведуваат покачени нивоа на тестостерон.

„Пријателите и семејството му го посочија проблемот што го имам на мојот очув, па тој ме однесе на лекар, а потоа и во салон каде што првпат депилирав нешто. Беше многу непријатно, бидејќи во тоа време сакав да научам како да ги бричам нозете. Пораснав во такво опкружување каде што никој не разбираше дека имам проблем, па и жените во салонот ми велеа дека на девојките не им растат влакна на лицето“, раскажала Дакота.

„Паднав во голема депресија, која траеше долго, тонев од срам и се обидував да го скријам моето лице, а еднаш неделно одев на депилација. Дојде моментот кога ја најдов мојата прва работа во малопродажба. Тогаш го бричев лицето два пати дневно, еднаш наутро, а потоа на паузите на работа. Со шминка ги покривав лузните од бричењето и јадежот“, се пожалила девојката.


Сè се сменило во 2015 година, кога Дакота била на забава со пријателка и таа ѝ раскажала за работата во циркус.

На Дакота ѝ се допаднала идејата да биде брадестата дама, па одлучила да се откаже од бричот и депилацијата и да ги остави влакненцата да ѝ пораснат на лицето.

„Тоа навистина беше големо олеснување и го започнав своето патување кон стекнувањето самодоверба и љубов кон мојата брада“, се присетила Дакота.

„На почетокот беше прилично непријатно додека ја пуштав брадата, многупати посакав да ја отстранам. Се сеќавам дека некој се обиде да ме фотографира по пуштањето на брадата. Бев многу загрижена поради острите погледи упатени кон мене, но дојде и тој период кога повеќе не ме интересираа туѓите погледи.“


Постепено, Дакота почнала да се сака себеси и својот изглед. Таа сега работи во циркус како брадеста дама.

„Моето семејство и пријателите ми дадоа голема поддршка додека се обидував да се прифатам себеси. Дури и моите следбеници на ТикТок се неверојатни. Добивам само зборови полни со поддршка“, среќно раскажала Дакота.

Дали сте слушнале нешто побизарно? Заработува 2.000 евра месечно правејќи го ова! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.