Атрактивната Георгина Родригез на социјалните мрежи се пофали со фотографии од прославата на 29-от роденден.

Свршеницата на славниот Кристијано Роналдо роденденот го прослави во најтесниот круг на семејството во друштво на фудбалерот, децата и другарките.

Таа за роденденот имала торта на три ката, а се пофали и со цвеќињата кои ги добила.

29 години опкружена со луѓе кои ги сакам со целото мое срце. Неизмерно сум му благодарен на Бога за сè. Ви благодариме на сите за пораките полни со љубов – напиша славеничката под објавата на Инстаграм.