Кога мајка на три деца исчезнала без трага, сопругот бил очаен: Сите биле шокирани кога се дознало кој ја убил!

Мистерија

Тоа било добро одиграна претстава за јавноста

Џеки Волер исчезнала во 2011 година, неколку дена пред нејзиниот 39-ти роденден. Никој не знаел каде се наоѓа мајката на три деца.

Нејзиниот сопруг Клеј Волер ѝ испратил порака во која плачел и ја молел да му се јави. Но сето тоа било само дел од претставата.

Она што тогаш не го знаела загрижената американска јавност е дека Клеј ја убил својата сопруга и го закопал нејзиното тело покрај река.

Подоцна, тој само добро ја одиграл претставата пред сите.

А сè почнало вака: Џеки се омажила за Клеј, човек кој не му се допаѓал на нејзиното семејство. На сите им било сомнително неговото однесување, но Џеки била вљубена во него. Толку вљубена што му родила три деца.

Подоцна, Џеки дознала дека Клеј ја изневерува, па отишла кај адвокат и предала документи за развод.
Кога бил уапсен, Клеј раскажал дека дури една година пред разводот, со хеликоптер летал во подрачјето околу Ѓаволскиот остров, на брегот на реката Мисисипи, барајќи погодно место за да ја закопа Џеки кога ќе ја убие. Но тогаш се откажал тоа, со желба да го поправи бракот.

Парот започнал бракоразводна парница во март 2011 година, а Клеј тогаш и претходно ѝ се заканувал на Џеки дека „ќе си потпише смртна пресуда ако се разведе од него“.

Што наумил тоа и направил: Клеј ја претепал и ја задавил Џеки во нивниот семеен дом во Џексон, а потоа го однел нејзиното тело со чамец и го закопал во гробот што го ископал во март 2011 година (а ја убил во мај).

Дури во 2013 година било откриено дека Клеј ја убил Џеки, а потоа се согласил да ја одведе полицијата до нејзиниот гроб, само за да добие помала казна. Во 2016 година, тој напишал книга во која ги опишал сите ужаси што ги сторил, а причината зошто ја убил сопругата е „тоа што не сакал да остане без своите деца, со оглед на тоа што таа би го добила старателството на суд“.

Клеј бил осуден на 35 години затвор, а му било забрането да заработува од продажба на книги или приказни за филмови и серии.

Во продолжение погледнете го целиот документарец за оваа семејна трагедија…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.