Кога имаш милиони и само 25 години, тогаш вака прославуваш роденден: Со гламурозниот живот ги прикрива големите проблеми

Се шушка

Кајли Џенер е една од најбогатите Американки, а својот 25-ти роденден го прославил со стил

Кајли Џенер го прославила својот 25-ти роденден во голем стил, како што и се очекува од семејството Кардашијан-Џенер.

Кајли е позната како најмладата милионерка во Америка, а за неа пишувал и „Форбс“, прогласувајќи ја за личност која сама стигнала до милионот, работејќи вредно и посветено.

Речиси сите знаат колкав апсурд е тоа со оглед на тоа што Кајли потекнува од семејство кое заработило богатство благодарение на реално шоу, но и дека зад младата богаташка сои мајката, Крис Џенер, позната како „мамаџер“ – жена која направи бренд од своите ќерки. Нејзините бизнис-идеи се генијални, поради што сите нејзини деца се брутално богати.

Во секој случај, Кајли е таа која е во светот позната како најмладата и најбогатата од семејството Кардашијан-Џенер.

Вчера го прославила својот 25-ти роденден велејќи дека се чувствува „дваесет и добро“ (twenty fine).

@kyliejennerits my birthdayyyyyy 💕🦋🦋

♬ original sound – Kylie Jenner

Денот го започнала со лежерен појадок со познатите сестри и најдобрата пријателка, додека прославата продолжила со огномет, забава и излегување во град со дечкото.

Иако има само 25 години, Кајли веќе има две деца со дечко ѝ Травис Скот: ќерката Сторми и синот кому прво му го дала името Вук, но потоа се премислила.

Мистеријата околу нејзиниот син и понатаму се расправа, бидејќи Кајли никогаш не го покажала на своите многубројни објави на Инстаграм и ТикТок. Додека ќерката Сторми насекаде ја води со себе, синот не го споменува од моментот кога го родила.

Сите се прашуваат дали детето е добро и дали Кајли со своите гламурозни објави крие некој голем проблем што го има со детето?

По повод нејзиниот роденден се огласила и мајка ѝ Крис Џенер, која на социјалните мрежи споделила видео направено од фотографии на Кајли, наведувајќи колку е среќна поради своето „најбогато и највеликодушно дете“. А еве како изгледала Кајли пред сите операции и корекции…

Разгалената милијадерка: Кајли Џенер се вози со приватен авион 12 минути, јавноста бесна! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.