Ким Кардашијан веќе не го поднесува Канје Вест

Најскапиот развод досега?

Американската ѕвезда на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ и раперот Канје Вест неодамна го добија третото дете, малата Чикаго, со помош на сурогат-мајка, но според написите во американските таблоиди, изгледа му се гледа крајот на нивниот брак!

Имено, животот со контроверзниот рапер Канје Вест воопшто не е едноставен, дури е и тежок. Токму затоа, Ким Кардашијан одлучила да ги преземе нештата во своите раце и да се разведе. Покрај трите деца, и’ здодеало да се грижии за сопругот како да е дете, пренесуваат медиумите.

„Најблаго кажано, животот со Канје е тежок! Ким ја достигна својата граница на трпението. Тој воопшто не и’ помага во одгледувањето на децата, има изливи на гнев, стана таблетоман… од како ја добија Чикаго, тие напади се почести. Ким често се прашува дали животот ќе и беше полесен без него“, изјавил извор близок на американската старлета.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време