Ким Кардашијан ја одбила понудата на Баленсијага по скандалот? Ријалити-ѕвездата се обрати кај други дизајнери

Шоубизнис

Шпанската модна куќа Баленсијага со години е меѓу најлуксузните.

Во последните неколку дена, брендот им е цел на критичарите поради рекламната кампања која беше лансирана. Овој пат децата беа во центарот на рекламата, а сцените не беа ни малку слатки, како што би се очекувало, а се поврзуваат со бројни несоодветни конотации.

Модната куќа потоа двапати се извини, но нивниот однос со познатите кои ги рекламираа и гордо ги носеа беше под знак прашалник.

Една од нив секако е Ким Кардашијан, која испрати и порака во која го кажува своето мислење за целиот случај. Ријалити-ѕвездата, наводно, одбила понуда од Баленсијага и договор за 2023 година, откако објавила дека го „преиспитува“ своето партнерство со модната куќа по нивниот скандал, пишува „Пејџ сикс”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Според TMZ, брендот ѝ пристапил на Кардашијан со понуда пред да се појават контроверзните слики, но таа одбила набргу по почетокот на кампањата. Ким (42), наводно, отфрлила голем број облека од Баленсијага што планирала да ги носи на претстојните настани и веќе им се обратила на другите дизајнери.

Последниве неколку дена бев тивка, не затоа што не бев згрозена и огорчена од неодамнешните кампањи на Баленсијага, туку затоа што сакав да имам можност да разговарам со нивниот тим за да разберам како можеше да се случи тоа. Како мајка на четири деца, ме потресоа вознемирувачките фотографии. Безбедноста на децата мора да има највисоко почитување и секој обид за нормализирање на злоупотребата на деца од кој било вид не треба да има место во нашето општество – точка, напиша Ким на социјалните мрежи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.