Кети Пери „излета“ од хотелот во кој престојуваа сопружниците Том Хенкс и Рита Вилсон, кои потврдија дека се заразени со коронавирус

Што е сигурно - сигурно е!

Пејачката Кети Пери (35) ја напушти Австралија каде што престојуваше во истиот хотел со Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63), кои се заразени со коронавирус.

Бремената Кети 24 часа била заробена во хотелот „Парк хајат“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој беа Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63), кои моментално се во изолација.

Популарната пејачка ја прекина турнејата во Австралија откако изби паника поради коронавирусот.

Пејачката е видена како излегува од автомобилот и оди накај аеродромот во Сиднеј на 12 март. Облечена е во сива тренерка и дуксер. На рацете имаше ракавици, а на главата качулка и слушалки.

Со перница ја имаше покриено устата, на очите имаше црни очила, а на нозете удобни патики.

Со оглед на тоа дека неодамна откри дека е бремена и дека со актерот Орландо Блум го очекува своето прво дете, логично е дека се обидува да се заштити од вирусот кој владее низ светот.

Фото: Профимедија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.