„Ќерките и јас немаме за леб, а тој трча по СЛАВА со ПРЕЉУБНИЦАТА: Холивудската актерка е очајна, отвори оган на сопругот, а тој бара ЗАБРАНА ЗА ПРИОЃАЊЕ

Холивудската актерка Алис Еванс (53) изврши уште еден жесток напад врз нејзиниот сопруг Џоан Грифит (48) со кого е среде бракоразводна парница. Еванс откри дека нејзиниот сопруг, исто така познат актер, бара таа да биде затворена за време на судската постапка, во која ја обвини за семејно насилство.

Да потсетиме, парот беше во брак 14 години пред да ѝ стават точка на нивната врска минатата година, поради прељубата на Грифит со колешката Бјанка Валас. Таа со месеци зборува многу јасно и јавно и без двоумење за сите детали од раскинувањето, го изнесува валканите алишта и зборува за влијанието што разводот го имал врз нивните ќерки Ела (13) и Елси (8).

Алис ги негираше обвинувањата за злоупотреба, нагласувајќи дека Џоан трча по слава во стилот на Џони Деп. Таа додаде дека ниту добила, ниту верува дека ќе добие пари, како и дека се бори „да ги нахрани и одгледа нивните ќерки“.

Минатата недела Џоан побара да се продолжи забраната за пристап, а во обид да го доведе процесот докрај, ја ангажира моќната адвокатка за развод, Ен Кили, која го застапуваше Бред Пит во тужбата против Анџелина Џоли. Наводно, Кили барал забраната за пристап и контакт да се продолжи уште една година.

Мојот адвокат ми рече дека ќе добијам трајна забрана за пристап, што е одвратно кога ќе помислиш на сите жени и мажи кои навистина биле малтретирани. Само ќе го пуштам, а што друго да правам?! Судските опции не ми оставија НИШТО. Нема поддршка за сопружникот и нема компензација за тоа што ги потроши сите наши заштеди на хонорарите на тие адвокати“, напиша актерката на Твитер.

Alis ne krije tugu zbog razvoda i sve što isti prati Нема да добијам ниту денар од него. Ништо. Потроши сè на својата очајна потрага по слава во стилот на Џони Деп. Ми снемуваат пари за да ги хранам и облечам децата. Тоа е лудост”, додала таа.

Алис, исто така, сподели и мејл на Твитер кој датира од август 2020 година, во која тој ѝ пишува колку ја сака.

Затоа можам да кажам дека не бевме во насилен брак. Всушност, цело време додека беше со Бјанка ми испраќаше олку прекрасни пораки“, искоментира таа.

Alis i Joan dok su još bili u braku

Мислев дека тој е тој што ќе прими куршум наместо мене. Испадна дека тој го држи пиштолот“, заклучи таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.