Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи израсна во вистинска убавица: На луѓето не им се верува колку личи на славната мајка (ВИДЕО)

Како да се КЛОНИРАНИ!

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер, се појави со својот татко на натпреварот од финалето на НБА во Сан Франциско, а многумина беа воодушевени од тоа колку пораснала и колку личи на своите родители.

Блу Ајви (10) се забавуваше и се смееше со својот татко, но кога забележа дека камерата ги снима, се засрами и така настана видеото што се споделува на социјалните мрежи.

Џеј Зи ја прегрна својата ќерка и ја бакна во образот, а таа го предупреди да внимава на нејзината коса.

Видеото од таткото и ќерката стана вирално на Интернет и предизвика многу коментари, а повеќето се согласија дека малата Блу Ајви се’ повеќе личи на мајка си.

Човече, Блу Ајви изгледа исто како Бијонсе. Таа е иста мајка”, напишал еден коментатор.

 

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.