Кејт Мос потрошила околу 750.000 евра за кокаин?!

Деталите ги открива нејзиниот близок „пријател“

Кејт Мос (45) почнала да консумира кокаин уште на 22 години. На забавите „шмркала“ секои пет минути, а за првокласниот бел прав потрошила повеќе од 750.000 евра во текот на својата 10-годишна зависност.

Модниот агент Гавин Масел, кој и’ бил близок пријател на популарната манекенка, изјавил дека Кејт секогаш била „ненормално многу издрогирана“ кога се среќавале за време на своето долгогодишно пријателство. Таа не успеала да му одолее на кокаинот ни за време на посетата на тогашниот јужноафрикански претседател, Нелсон Мендела, во 1998 година.

Тогаш не само што консумирала и по 4 линии одеднаш во хотелската соба во Кејп Таун туку го правела тоа и во тоалетот на една од најценетите личности во светот.

Ме одвлечка во тоалетот додека Мендела примаше гости. Направи една линија и ја зема од капакот на веце-школката“,  изјавил Гавин.

Кејт ја забележале како консумира кокаин и во едно музичко студио. Тогаш загубила многубројни повеќемилионски договори, заминала на лечење во Аризона и наводно се излечила од зависноста.

Драстично го сменила својот живот и сега е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност ја нервираат. Кејт е на вистинскиот пат моментално, но злобните луѓе и озборувања постојано ги слуша за себе.

Никогаш во животот не сум земала хероин. Се продаваа маици со натписот Кејт е наркоманка, ми се случуваа ужасни работи. Ми доаѓаше да си кажам сама на себе – можеби и подобро е да си навистина на хероин“,  изјави Мос, негирајќи ги гласините за хероинската зависност. Но не и за кокаинската… или од кокаин не може да се биде зависен?

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.