Кејт Мидлтон облекла панталони под фустан: Сите зборуваат дека ја копира принцезата Дијана!

Необичен избор

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнале во Пакистан

Кејт Мидлтон моментално се наоѓа во Пакистан и за да не губи време во размислување за модните правила на оваа земја, одлучила да се облече исто како принцезата Дијана кога доаѓала во оваа земја во 1996 година.

Така војвотката од Кембриџ, својата петдневна тура низ Пакистан ја почнала во светлосин фустан под кој облекла панталони од истиот материјал и боја. Оваа необична модна комбинација е инспирирана од пакистанската народна носија сочинета од лесна туника и исти панталони.

Овој изглед на младата војвотка многу личи на оној што го носела принцезата Дијана во 1996 година за време на нејзината кралска посета на оваа земја.

За изгледот на Кејт Мидлтон овој пат се погрижила Катарина Вокер, модната дизајнерка што ја обожавала и самата принцеза Дијана.

Со овој необичен изглед Кејт облекла салонки на високи потпетици во боја на кожа, а во раце носела мала чантичка.

Модните критичари што го следат секој чекор на Кејт Мидлтон тврдат дека војвотката овој пат ќе се облекува во облека инспирирана од традиционалната носија на Пакистан.

„Мислиме дека ќе видиме многу зелена боја на Кејт (бидејќи тоа е главната боја на знамето на Пакистан) и мислиме дека ќе ја видиме со јасмин, националниот цвет на оваа земја, што таа ќе го искомбинира со својата облека“, тврди Сузан Кели, модна блогерка.

Вториот ден од службената посета на оваа земја се остварило предвидувањето на модните експерти: Кејт целосно го ископирала стилот на Дијана.

View this post on Instagram

Lovely Ladies 💙💙

A post shared by Princess Diana🌹 (@dianaremembered) on

За време на службената посета на локалното училиште, во придружба на принц Вилијам се појавила во сина традиционална комбинација од туника и панталони во интензивно сина боја, со потпис на пакистанската дизајнерка Махин Кан. На нозе овој пат носела беж чевли, но на ниска потпетица.

Вилијам се држел до класиката, па овој пат облекол сина кошула и темносини панталони со чевли во истата нијанса.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време