Ќе ве полазат морници кога ќе чуете каде биле Коби Брајант и ќерка му само 2 часа пред несреќата!

Трагично настрадале во хеликоптерска несреќа

Светот го изгуби легендарниот НБА кошаркар

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана биле во црква само 2 часа пред смртта во пад на хеликоптер додека патувале за кошаркарски турнир на тинејџерката.

Тие присуствувале на католичка миса во 7 часот и примиле причест во катедралата во Њупорт Бич, потврдил претставник на црквата. По напуштањето на црквата, Брајант и Џијана се качиле во Sikorsky S-76B со останатите патници на аеродромот Џон Вејн во Санта Ана, во 9.06 часот наутро. Помалку од еден час подоцна, во магловити услови, хеликоптерот паднал.

Бискупот Тимоти Фрејр од бискупијата на Брајант, вчера изразил сочувство за сите жртви во несреќата, а во објавата го нарекол Брајант посветен католик кој си го сакал семејството и својата вера.

„На мисата, НБА легендата седеше во последните редови во црквата за неговото присуство да не одвлекува внимание и да можат луѓето да се фокусираат на Христовото присуство“, напишал Фрејр.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.