Каролина Гочева со овие три дами помина ден исполнет со убавина (ФОТО)
Женска банда
Каролина Гочева ретко споделува мигoви од приватниот живот на социјалните мрежи, но овој пат одлучи да ги израдува своите обожаватели со неколку фотографии снимени во родниот крај.
Имено, популарната пејачка со сестра си Александра и двете внуки Луција и Инес помина прекрасен ден на Пелистер, во природа, а дамите оваа дружба во женско друштво ја овековечија со камерите на мобилните телефони.
Ден исполнет со убавина“, објасни Каролина во описот на објавените фотографии.
Фото: Инстаграм