Кардашијанката ги лечи комплексите со филери: Ги наполнила усните до пукање! (ФОТО)

Се пополнила

Фото: Getty Images

Изгледа дека Клои не може да сопре кога е разубавувањето во прашање

Клои Кардашијан не може да поднесе критика. Ѕвездата од реалните шоуа (35) ја исклучила можноста за коментирање на нејзините фотографии на Инстаграм откако ја објавила фотографијата на која се гледа дека повторно ги пополнила усните со филери.

https://www.instagram.com/p/B1udH10hCM0/?utm_source=ig_embed

Пред да ги исклучи коментарите, луѓето и’ праќале вакви пораки:

„Боже, што се случило?“

„Извини, но твоите усни се огромни, изгледа одвратно!“

„Ако не можеш да ја затвориш устата, тоа значи – премногу филери!“

https://www.instagram.com/p/B1WLWIMBrsh/?utm_source=ig_embed

Други ја обвиниле Клои Кардашијан за корекција на носот. Меѓутоа, минатиот месец ѕвездата изјавила дека со шминкање ги покрива недостатоците на носот, поради што изгледа како да правела операции.

„Понекогаш мислам дека изгледам одлично, а потоа разгледувам некои фотографии и не можам да верувам дека изгледам така“, раскажала Клои во една прилика.

https://www.instagram.com/p/B1Py-RihKOk/?utm_source=ig_embed

Клои е позната како една од сестрите Кардашијан што нема среќа во љубовта. Имено, прво била во брак со кошаркарот Ламар Одом кој со години ја изневерувал, додека таа го криела тој факт од јавноста. Потоа, била во врска со Тристан кој ја изневерил ден пред Клои да се породи. Светот беше опколен со видеа од неговото неверство додека Клои се пораѓала.

Несреќата во љубовта ѕвездата почнала да ја лечи со филери, ботокс и хируршки интервенции.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.