Карантинска верзија на „Градот убав пак ќе никне“ во изведба на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар Скопје активно работи и за време на карантинот

Градскиот дувачки оркестар Скопје, активно работи и за време на карантинот, се разбира безбедно, од дома.

Тие неуморно снимаат, монтираат и објавуваат карантински верзии на најпопуларните мелодии на нивните социјални канали.

Нивното најново музичко остварување е карантинската верзија на „Градот убав пак ќе никне“.

  • Музика – А. Џамбазов
  • Аранжман – Х. Еминовиќ
  • Аудио продукција – В. Дробицки
  • Видео материјали и монтажа – М. Дамњановски

За Градскиот оркестар Скопје

Градскиот дувачки оркестар е основан во 2006 год. Од неговото формирање со него раководи диригентот Хусеин Еминовиќ. Во ГДО членуваат 29 професионални музичари, од кои 24 со завршена музичка академија, 3 магистри и 2 студенти. Севкупните подготовки на оркестарот за реализација на годишните програми се одвиваат во просториите на МКЦ Скопје.

Овој оркестар со својата кадровска поставеност поседува огромен потенцијал и изведува дела со различен карактер од различни епохи и стилови. Културното живеење на нашата метропола несомнено е побогато со постоењето и работењето на ГДО Скопје, кој во својата програма вклучува:

  • концерти по повод ден на пролета;
  • концерти по повод ослободувањето на Град Скопје;
  • свечени целовечерни концерти со гости солисти;
  • концерти во Општините на Град Скопје;
  • концерт по повод отварање на манифестацијата Скопско лето.

Оркестарот настaпува и на голем број манифестации под покровителство на Градот:

  • „Звуци на чаршијата“;
  • по повод државни празници и значајни датуми;
  • учество на манифестации од градски и државен карактер;
  • концерти низ републиката.

Погледнете го видеоспотот од нивната песна…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.