Капка што ќе ја прелие чашата: Најголемата навреда што Хари и Меган можеле да и’ ја нанесат на кралицата Елизабета!

Си тераат по свое

Фото: Getty Images

Ништо не ги спречува, така сакаат

Британските медиуми пренесуваат дека принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл нема да го поминат Божиќ на традиционалниот семеен собир кај кралицата, што може само да ја зголеми тензијата и дополнително да ја загрози нивната и онака лоша слика во јавноста, но и кај Елизабета.

Хари и Меган наводно и’ соопштиле на кралицата дека нивниот син Арчи нема да го помине својот прв Божиќ со кралското семејство туку дека сакаат да бидат сами за да ги наполнат батериите и да направат нови планови.

Се шушка дека постојат две опции: да останат дома во Виндзор или да отпатуваат кај мајка и’ на Меган, Дорија Рагланд во Лос Анџелес. На одмор ќе бидат шест недели, а Хари се согласил Денот на благодарност во секој случај да го поминат кај Дорија.

Фото: Getty Images

Кралскиот биограф Фил Дампијер изјавил дека Меган и Хари се гледаат себеси како отпадници или само сакаат така да се претстават, додека биографката Ингрид Стјуард кажал дека е срамота ако навистина не сакаат најголемиот празник да го поминат со семејството.

„Мислам дека е тажно тоа што некој не сака да биде дел од семеен собир, особено сега кога кралицата е стара“, рекла Стјуард и истакнала дека Елизабета сигурно ќе биде повредено, но дека е премногу грациозна и искусно за да дозволи тоа да се забележи.

Инаку, принц Хари од мали нозе секој Божиќ го поминувал во кралската куќа, со исклучок на 2012 година кога служел војска во Авганистан. Последните две години им се придружила и Меган, но традицијата, барем за сега, се прекинува.

Ингрид Стјуард открила дека Меган се обидува да се „извади“ на малиот Арчи, објаснувајќи дека ќе биде преголема гужва за него и дека на детето ќе му биде премногу напорно, но се чини дека станува збор само за нивна лична желба.

Што се однесува до принц Вилијам и Кејт, тие со своите три деца како и секогаш, со задоволство ќе ја испочитуваат поканата на кралицата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.