Како починала сопругата на Џон Траволта: Имала само 57 години и никој не знаел за ова!

Животот не е бајка

Славата и парите не можат да обезбедат среќа, а доказ за тоа е славниот актер Џон Траволта

Американскиот актер Џон Траволта пред една година остана без сопругата и мајката на неговите деца, Кели Престон, која за жал, почина по двегодишна борба со рак на дојката, која ја водела во тајност.

Шеесет и седумгодишниот Џон одлучил да проговори на таа болна тема и порачал дека тоа е негово лично искуство и дека важно е другите да не се поистоветуваат со него.

„Најважното нешто што можете да го направите за да му помогнете некому што тагува е да му овозможите тоа да го преживее на свој начин и да не се поистоветувате со него. Тоа е моето искуство“, изјавил за шпанскиот магазин Esquire.

Додал и дека моментално најмногу се фокусира на децата што ги добил со Кели, 21-годишната Ела и 10-годишниот Бен, а двојката имала и син Џет, кој починал во 2009 година, кога имал само 16 години.

„Ќе им обезбедам сигурна иднина на моите деца и ќе им помогнам да се занимаваат со она што тие го сакаат во животот. Тоа го правам сега со Ела и нејзините филмови, ја учам за сè во таа професија. Бен има едвај десет години и сакам да му помогнам да порасне, бидејќи животот е пред него“, објаснил актерот.

Признал и дека искуството со славата на некој начин му помогнало подобро да се приспособи на пандемијата на коронавирус, објаснувајќи дека како холивудска ѕвезда понекогаш морал да живее како во затворена морска школка.

Тажната вест за смртта на сопругата ја објавил во јули минатата година на Инстаграм.

„Со тешко срце ве известувам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја изгуби двегодишната борба со рак на дојката. Јас и семејството засекогаш ќе им бидеме благодарни на докторите,  на медицинските работници и на сите што помогнаа, на многуте пријатели и сакани што беа покрај неа. Љубовта и животот на Кели ќе останат запаметени“, напишал тогаш Џон и ја шокирал јавноста, бидејќи само нивни блиски луѓе знаеле за болеста на Кели, која го загубила животот на само 57 години.

Џон и Кели се запознале во 1989 година на снимање на филм, а се венчале две години подоцна. Биле една од оние двојки што со секое појавување во јавност предизвикувале ронка љубомора кај многумина. Се сакале долги години, а во љубовта не ги поколебале ни бројните трагедии.

Денес би наполнил 28 години: Џон Траволта објавил трогателна фотографија за роденденот на неговиот покоен син
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.