Како Џастин Теро ѝ честитал роденден на Џенифер Анистон: Светот останал без зборови!

Ја разнежил јавноста!

Џастин и Џенифер се венчале во тајност во 2015 година, а разводот го објавиле во февруари 2018 и тоа само еден ден по Денот на вљубените

Иако не се појавил на нејзината роденденска забава (за разлика од Бред Пит), Џастин Теро на својот Инстаграм ѝ го честитал 50-тиот роденден на Џенифер Анистон.

Актерот имал само пофални зборови за својата поранешна сопруга и со оваа објава потврдил дека останале пријатели по разводот.

„Нека ѝ е среќен роденденот на оваа бестрашна жена! Бестрашно верна. Бестрашно драга… и бестрашно духовита. Те сакам Б“, напишал Теро под црно-белата фотографија од Анистон и ги разнежил своите следбеници на социјалните мрежи.

Да се потсетиме дека Џастин и Џенифер се венчале во тајност во август 2015 август, а во февруари 2018 го објавиле разводот, и тоа само еден ден по Денот на вљубените.

Парот во официјалното соопштение за јавноста нагласил дека одлуката за развод ја донеле заедно пред крајот на 2017 година и дека се разведуваат во пријателски односи.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време