Што се случува кога пријателството, пијачките и музиката ќе се спојат на една маса? Очигледно, комбинација што може да предизвика насмевки и… тајни влезници!
Во новото видео кое кружи на социјалните мрежи, водителките Јована Стојменовиќ и Лила Филиповска го „испрашуваат“ својот долгогодишен колега, временскиот водител Спасе Јовановски. Темата? Концертот на Влатко Лозаноски Лозано, што ќе се одржи на 7 март во арената „Борис Трајковски“.
Спасе, во својот класичен стил, се прави дека не ги знае песните и дека не планира да оди. Но, Јована и Лила не се откажуваат – пеејќи во еден глас, го убедуваат дека сепак треба да се „потсети“ на најголемите хитови на Лозано.
И тогаш следи мистериозниот момент: од џебот на Спасе испаѓаат влезници за концертот! Очигледно, неговото „непланирање да оди“ било само трик – тој веќе се подготвил да биде во првите борбени редови на 7 март во арената „Борис Трајковски“.
Сите што го гледаат видеото сега имаат докази дека овие тројца колеги не се само професионалци на екранот, туку и пријатели со чувство за хумор, музика и малку мистерија.
Погледнете:
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм