Јелена Томашевиќ во посета на гробот и спомен-куќата на Тоше Проески (ФОТО)

„Нека ти е вечна слава, ангеле!“

Јелена Томашевиќ – Босиљчиќ викендов беше во Македонија поради концертот што вчеравечер го одржа во Битола со Камерниот оркестар на градот, како дел од Фестивалот на светската музика.

 

Претходно, заедно со финската хармоникашка Хели Сиекинен, засади дрво пред Центарот на културата во Битола.

 

 

View this post on Instagram

 

Ovo drvo od sada nosi moje ime 😁🌲💕 #Засадидрво #zasadidrvo #ecoMKchallenge

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on

Популарната пејачка и сопруга на актерот Иван Босиљчиќ не пропушти да го посети и Крушево, каде што беше на гробот на Тоше Проески и во спомен-куќата, а се запозна и со родителите на починатиот пејач, Никола и Доминика. Воодушевена од нивното гостопримство, Јелена впечатоците од средбата ги сподели на Инстаграм, каде што објави неколку фотографии.

Крушево. Нека ти е вечна слава, ангеле! Денес ги запознав родителите на Тоше, прекрасни луѓе и домаќини. Ме дочекаа со толку многу љубов што ми го трогнаа срцето. Го сретнав и најдобриот пријател на Тоше од Крушево. На крај, кога се разделувавме, отиде до својата куќа, ја симна сликата од ѕидот на својата соба и ми ја подари. Секој збор понатаму би бил вишок“, раскажа поп-пејачката.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.