Јелена му порача на Новак: „Зошто ми се јавуваш кога си излезен и се забавуваш?!“

Се дигна голем прав околу нивниот брак

Новак Ѓоковиќ деновиве престојува во Белград, додека, пак, неговата сооруга Јелена е со деца во Монте Карло. Бидејќи најдобриот тенисер беше забележан на настапот на Ана Николиќ, почнаа да кружат муабети дека Јелена и тој поминуваат низ тежок период во бракот и поради тоа се разделени. Меѓутоа, таблоидот „Скандал“ ја открива вистината за целата ситуација.

Да, Ноле излезе без Јелена, со браќата и кумот, меѓутоа, тој во ниту една секунда не се опушти. Цело време беше на врска со Јелена“, објаснува изворот за „Скандал“, и додава:

И’ се јавуваше на Вибер, и’ посветуваше песни… И покрај тоа што многумина велат дека се разделени поради проблемите во бракот, вистината е дека Новак престојува во Белград поради хуманитарниот турнир Адриа тур, кој тој го организира. Тој го обожава Белград, а и жива душа е и треба да се опушти. Од друга страна, Јелена сбеше сама дома со децата и се растажи  кога Ноле и’ се јави и и’ посвети песни. Не и’ е лесно… Се потсети на времето кога излегуваа заедно. Затоа му се налути и му рече веќе да не и’ додева. Му викна: ‘Ноле, зошто ми се јавуваш и правиш да ми е тешко? Јас мора да бидам со децата, а ти уживај си! Ајде, остави ме сега мене и убаво помини се!’ Меѓутоа, Ноле е таков. Не може да се опушти кога знае дека Јелена ги чува децата, а тој е излезен. Дури и Јелена му забележува заради тоа, но него го гризе совеста“, заклучува изворот.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.