Јелена Карлеуша снимена во трамвај во Белград (ВИДЕО)

Ја качија со трубачи

Кој би рекол, пејачката како сиот нормален свет…

На Твитер се појави видео на кое се гледа како на Јелена Карлеуша ѝ се придружуваат трубачи во Скадарлија, кои ја испраќаат да се качи во јавен превоз.

Имено, во капут „Баленсијага“, црни очила и црни чизми, поп-пејачката се шета низ српската престолнина, уживајќи во својот град во предновогодишна атмосфера, а потоа се качува во стар трамвај и црта срце на стаклен прозорец.

 

На прв поглед, никому не му е јасно зошто Јелена се одлучила на овој потег. Но земајќи предвид дека во нејзино друштво е и градоначалникот, работите стануваат многу појасни.

Како изгледаше нејзиното „промотивно“ возење, погледнете во видеото подолу.

Очекувано, се појавија и духовити коментари на твитерџиите, кои едвај дочекаа да ја „подберат“.

Фото и видео: Instagram, Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.