Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ жестоко се скарале неодамна поради своите ќерки Атина и Ника. Имено, како што пренесува изворот за „Скандал“, поп-пејачката активно размислува каде би можела да ги однесе наследнички на море, свесна дека тие обожаваат да се бањаат, меѓутоа, Душко смета дека годинава не би требало да го напуштат Белград, поради ситуацијата со коронавирусот.
Душко и’ кажа на Јелена дека ја разбира, но дека е подобра овој пат да го послуша и да останат во Белград. Дури и и’ подвикна: ‘Овој пат ќе биде онака како што ти кажувам јас! Послушај ме барем еднаш во животот, не може се’ да биде како што ќе замислиш ти!’ На Јелена, пак, сето тоа и’ стана мошне симпатично и му кажа на сопругот дека таа никогаш не би ризикувала да одат некаде доколку претходно не ги провери добро сите ризици. Е сега, како ќе биде на крај – времето ќе покаже“, открива добро информираниот извор.
Фото: Инстаграм