Јелена Карлеуша откри сè за врската со Душко: „Би сакала да го промени однесувањето кон мене“

Шоубизнис

Пејачката објасни каков однос има со сопругот Душко Тошиќ.

Јелена Карлеуша имаше исклучително успешна година кога е работата во прашање. Таа имаше бројни настапи, ја воодушевуваше публиката, а во тек е и подготовката на новиот албум. Како што започна оваа 2022 година со публика, така и ќе ја заврши на ист начин.

Сепак, почетокот на годината во приватна смисла не беше баш најдобар. Во јануари одекна веста за расправија меѓу неа и Душко, а потоа во јули следуваше објавата на Јелена за разводот. Пејачката минимално се огласуваше за односот со сопругот, но пред неколку месеци изјави дека разводот е сè уште во тек.

Јелена сега објасни дека таа и Душко не се развеле, но времето ќе покаже како ќе биде.

Не се разведовме, сè уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца, изјави Јелена за Курир и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала како неуспех. За доброто на Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство, заклучила пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.