Јелена Карлеуша „нападната“ од обожавателите на Ким Кардашијан (ФОТО)

Кој кого копира?

Српските и странските медиуми веќе пишуваа дека американската старлета Ким Кардашијан (40) ја копира поп-пејачката Јелена Карлеуша (42) – од облеката, модните додатоци до фризурата.

Многу сум почестена што ме копира, тоа е се’ што можам да ви кажам на оваа тема“, изјави Карлеуша кога ријалити-ѕвездата ѝ го посвети својот моден блог.

За неа првпат слушнав кога луѓето почнаа да го споредуваат нашиот изглед – некои дури зборуваа и дека јас ја копирам неа. Затоа морав да ја ‘проверам’. Изгледа како силна жена која сака да работи и тоа многу ми се допадна, затоа ја заработи мојата почит“, напиша Ким на блогот посветен на српската пејачка, а голем број Американци ја „исплукаа“ Карлеуша.

 

Благодарение на тоа што Кардашијан те копира сега и ние во Америка знаеме која си ти, инаку ќе останеше непозната како што беше досега“, ѝ порачаа фановите на Ким Кардашијан.

Фото: Instagram/MICHAEL DALDER/REUTERS/PIXSELL

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.