Јелена Карлеуша: „Луѓе, мојата кариера заврши!“

Но еден повик сменил се'

Им се пожали на пријателите

Многумина се изненадија кога Јелена Карлеуша му се приклучи на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, но се воспостави дека овој потег беше вистински погодок.

Јелена повеќе пати истакна дека тоа што е дел од жирито ѝ донесе многу, а меѓу другото, овозможи публиката да ја запознае во вистинското светло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Токму во една од емисиите на гледаното шоу, таа откри дека повикот да учествува се случил во вистинскиот миг – токму кога помислила дека нејзината кариера е готова.

Ми заѕвони телефонот, јас седев во Истанбул со Душко кај нашиот другар Красиќ и неговата сопруга. Јас им кажав вака: ‘Луѓе, со мојата кариера е готово’, тие ме прашаа зошто. ‘Јас сум забранета апсолутно секаде, на сите телевизии, во сите медиуми, јас немам каде да се појавувам освен на Инстаграм.’ Токму кога го изговорив тоа, ми заѕвони телефонот, беше Саша Поповиќ, кој ме праша кога се враќам во Белград, му одговорив за два дена, иако требаше да се вратам утредента. Дојдов кај него дома, беше и Сузана, а Саша ме праша дали сум ‘за’. Без размислување одговорив ДА. Се’ друго е историја“, раскажа пејачката.

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време