Јелена Карлеуша: „Јас сум суетен лав, ја имам таа волшебна состојка наречена лудило“

Блазе си ѝ!

Јелена Карлеуша гостуваше во утринската емисија која ја води Јована Јоксимовиќ и во таа пригода зборуваше за неодамна одржаниот онлајн-концерт, кој го следеа 100.000 луѓе.

Мене во животот ме води желбата да се докажам. И тоа во земја во која нон-стоп те омаловажуваат и ти кажуваат дека ти не го можеш тоа и дека не си она што се претставуваш. Тоа е голема атомска бомба во мојот случај, бидејќи веќе 25 години ги поместувам границите со инаетот, талентот, големиот труд и со работата“, рече популарната пејачка.

На прашањето на Јована на кого му се докажува, Јелена одговори:

Првенствено себеси, бидејќи јас сум суетен лав. Не сакам да кажам дека сум најдобра, но сакам да дадам триста проценти од себе. Еве, и на овој концерт, додека го снимавме, јас веќе на половина бев уморна, бидејќи многу е тешко да пееш и да танцуваш во живо, но само една мисла ме водеше: ‘па белки нема ти да бидеш најслабата алка на овој проект?’ А потоа, како што поминуваше концертот, така и јас добивав поголема сила“, одговори Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

🌪🌪🌪🌪

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.