„Јас сум психопат и еве по што се разликувам од вас“: Никако не може да ги почувствува овие 4 емоции!

Интервју со психопат

Младич кој е дијагностициран психопат, отворено проговорил за своето нарушување

Младиот Белгиец Лоик де Мари, кој е дијагностициран со антисоцијално нарушување на личноста, отворено зборувал за животот со психопатија и за емоциите што никогаш не може да ги почувствува. Тој со својата приказна сака да ги сруши митовите за ова нарушување и да покаже дека психопатите не се сосема бесчувствителни, но дека нивните емоции не се исти како кај повеќето луѓе.

За јутјуб-каналот DEEP открил дека неговиот емоционален свет е плиток, но не и целосно празен.

„Луѓето веруваат дека психопатите не чувствуваат ништо, но тоа не е точно. Чувствуваме емоции, само не се длабоки како кај другите. Можам да почувствувам лутина, фрустрација, среќа… Можам да се смеам и да уживам. Но вина? Никогаш. Не чувствувам ни жалење ни каење. Што и да направам, не се каам поради тоа.“

Лоик објаснил дека и покрај недостигот од емпатија, знае да препознае како би требало да се однесува во одредени ситуации, па често „глуми“ за да се вклопи во општеството.

„Кога размислувате како мене, мислите дека сите околу вас се чувствуваат исто. Не сфаќате дека сте поинакви додека ја видите реакцијата на другите луѓе. Така, по пат на набљудување, учите како треба да се однесувате за да го добиете тоа што го сакате.“

Младичот признал дека честопати го критикуваат поради неговиот ладен тон и отвореност, но открил дека тоа не допира до него.

„Не ми треба да ме сакаат. Мојата цел е луѓето да разберат што е, всушност, психопатија. Ако некој ме напаѓа на Интернет, не ми е гајле, си ја знам својата вредност.“

Зборувајќи за разликите помеѓу психопатијата и социопатијата, Лоик појаснил дека тоа се два различни спектари на однесување.

„Социопатите можат да чувствуваат емпатија и каење, психопатите не можат. Јас тоа никогаш не сум го почувствувал. Никогаш не сум се чувствувал лошо поради тоа што сум го направил, без разлика за што станувало збор.“

Во продолжение погледнете го целото интервју…

ФОТО: Јутјуб

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе