„Јас сега не сум актер, јас сум само човек“: Згодниот актер го обвиниле дека лаже дека е заразен со коронавирус!

Скандал!

Откако се појавиле шокантни обвинувања на сметка на британскиот актер, тој веднаш се огласил

Славниот Идрис Елба неодамна со обожавателите сподели дека неговиот резултат од тестирањето на коронавирус бил позитивен, а набрзо се заразила и неговата сопруга Сабрина.

Актерот повеќепати им се обратил на своите фанови и следбеници на Инстаграм по тој повод и споделил со нив некои детали за својата состојба, а сега се соочува со непријатни обвинувања: дека всушност е потполно здрав и дека му платено да лаже дека е заразен!

„Идејата на одредени луѓе дека некој ми платил само за да кажам дека имам коронавирус е апсолутно с**ање. Тоа е таква глупост, а луѓето ја шират како да е вистинска вест. Не постои никаква корист од тоа јас и Сабрина да седиме дома со денови зборувајќи дека сме заразени со вирусот, ако не сме. Воопшто не ја разбирам таа логика“, истакнал актерот.

Тој ги споменал и коментарите за тоа како богатите имаат поголеми шанси да бидат тестирани.

„Мислам дека дебатата за богатите и сиромашните луѓе околу тоа кој добил тест, а кој не, не е здрава. Океј, добив тест, но добив и вирус, дали тоа ме прави привилегиран? Не го разбирам тоа. Ова не е филм. Јас сега не сум актер. Јас сум само човек кој по игра на случајот е пред очите на јавноста. Затоа, сакам луѓето да разберат дека ова е многу реална ситуација. Не се чувствувам привилегиран поради тоа што се тестирав и имам вирус“, заклучил Идрис.

Станува збор за теорија на Карди Би, според која ги плаќаат познатите за да кажат дека се заразени со корона!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.