„Некое време се обидувавме да имаме бебе, па кога мојата девојка забремени, одењето на првиот ултразвук требаше да биде среќен момент. Меѓутоа, кога го видов датумот на зачнувањето кој се појави на екранот, целосно се скршив“, ја започнува својата исповед очајниот татко.
За неволјите што го снашле одлучил да напише во писмо до советничката на „Сан“, Дидра, во кое се потсетува дека тој и неговата партнерка биле разделени една недела и за тоа време и двајцата имале секс за една ноќ. Таа една ноќ му го претвори животот во кошмар.
Потоа се смиривме и си простивме, но тој датум на екранот ме натера да преиспитам се’. Таа имаше секс за една ноќ неколку дена откако имавме односи и резултатот од ултразвукот вели дека забременила кога имала однос со тој друг маж. Така, таткото на бебето е веројатно другото момче. Јас имам 27, а таа 25. Толку сум повреден што не знам што да правам – се пожалил младичот.
Во својот одговор Дидра веднаш посочи дека датумите на зачнување и породување дадени со ултразвук треба да се земаат условно, бидејќи зачнувањето се пресметува од датумот на последната менструација на жената.
Сепак, единствен начин да бидете сигурни кој е таткото е да направите ДНК-тест за татковство кога ќе се роди детето. Што се однесува до вашата врска, ако сте биле среќни пред ова привремено раскинување, веројатно можете да ја подобрите вашата врска и да ја направите да функционира. Но мора да научите подобро да комуницирате меѓу себе – заклучила советничката.
Текст: The Sun