Ја премина границата: Откако Ким и Пит раскинаа, Кајне Вест не претанува да го вознемирува комичарот

Шоубизнис

Пит Дејвисон бара помош поради онлајн вонемирувањето кое го трпи од страна на Кајне Вест, кажува извор близок до комичарот.

Од почетокот на април оваа година, ѕвездата на популарната емисија “Saturday Night Live”, беше „на интензивна терапија за траумата“ поради која доаѓа како последица со последните објави кои Кајне (45) повеќе пати ги споделуваше на социјалните мрежи, додека Дејвидсон беше во врска со неговата поранешна жена, Ким Кардашиан.

„Вниманието и негативноста кои доаѓаат од Кајне и неговите лудории беа крајна точка за Пит, па мораше да побара помош“, вели изворот.

Изворот додава дека Дејвидсон (28), кој од неодамна раскина со Ким Кардашиан (41) „не жали што излегувал со Ким и сака да биде јасно дека таа навистина му била голема поддршка во текот на нивната врска“.

„Во иднина, тој сака да се фокусира само на неговата кариера“, додава изворот близок до комичарот.

Претставникот на Кајне Вест не одговори на повикот од магазинот “People” за коментар на моменталната ситуација.

После девет месеци врска, Ким и Пит се разделија

Минатата недала, стенд-ап комичарот и ријалити ѕвездата одлучија да раскинат после девет месеци забавување.

„Дел од причините зошто се разделија е и нивност тесен распоред. Двајцата постојано патуваат и беше тешко. Откако нивната разделба стигна и до насловните страници, Кајне реагираше на Инстаграм во понеделникот наутро, со веќе избришаната фотографија од весникот „Њујорк тајмс“ со наслов дека „Скит Дејвидсон е мртов на 28 години“, а Скит беше негов „надимак“ за Пит.

Сега изворот за “People” кажува дека тимовите на Ким и Пит го контактирале Инстаграм во врска со објавата на Кајне Вест.

„Тие повеќе пати се обраќаа до Инстаграм барајќи од платформата да биде безбеден простор“, вели изворот, исто така напоменувајќи дека се повторени нападите на Кајне, што е една од причините зошто Дејвидсон е „отсутен од социјалните мрежи“.

Изворот близок до Кардашиан, исто така вели дека Пит почнал да оди на терапија, поради траумите, кои никако не биле причината за разделбата меѓу Ким и Пит.

„Ким не го толерира ваквото однесување на Кајне. Таа е вознемирена поради разделбата, но распоредот навистина го отежна нивниот однос, како и фактот дека живеат во два различни града“, додава изворот.

Кајне Вест претходно во неколку наврати го има нападнато парот, како онлајн, така и по весниците, во различни прилики, вклучувајќи го и музичкиот спот за песната “Easy”, во кој раперот ја киднапира, ја врзува и закопува куклата со ликот на Пит Дејвидсон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.