Ја обвиниле пејачката (18) дека се здебелила, но таа продолжува да се бори со стереотипите!

Храбро!

Американската пејачка Били Ајлиш се нашла на столбот на срамот поради една фотографија што станала популарна пред неколку недели

Замислете си дека сте девојка која ги освоила сите можни награди за својот глас и за музиката што ја создавате. Замислете дека имате само 18 години, а целиот свет ве познава. Замислете дека секој ваш поглед го следат илјадници папараци и дека еден ден, на плус четириесет, одите до кај брат ви и истите тие папараци ве фотографираат како излегувате од автомобилот во „домашно издание“. На себе имате маица на прерамки и шорцеви. Утредента во сите трафики гледате насловна страница на која има ваша фотографија, додека под неа пишува: „Били Ајлиш се здебелила!“

Сè што сте правеле досега е помалку важно затоа што имате сало на стомакот. Секоја нота што сте ја создале како своевидно чудо сега е незабележана, бидејќи сте покажале дека имате вишок килограми?
Повеќето девојки би почнале со исцрпувачки тренинзи, гладување, прочистување на цревата, но не и Били Ајлиш. Таа само кажала:

„Луѓе, не сум се здебелила, јас така изгледам, само што досега не сте ме виделе вака облечена!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


И не жали воопшто што тој летен ден излегла надвор во маица со прерамки. Не сака да го врати времето, само сака да покаже дека жената може да изгледа и вака. Дека е дозволено да има вишок килограми, коса обоено во зелено и црно, да носи што сака и да се дружи со кого сака.

Бидете како Били и живејте го животот како сакате!

10 килограми вишок, неуредна коса и уморно лице: Манекенката потполно се запустила, обожавателите едвај ја препознале!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.