Ја обожававме во серијата „Грдата Лети“, а денес ја гази петтата деценија и изгледа одлично: Тотална спротивност на популарната улога!
Анхелика Вале
По снимањето на серијата „Грдата Лети“ продолжила да глуми во многу серии, а имала улоги и во неколку филмови
Мексиканската актерка Анхелика Вале (46) ја обожававме во хит хумористичната серија „Грдата Лети“, која беше снимена помеѓу 2006 и 2007 година.
View this post on Instagram
Иако првата главна улога ја добила уште како дете во филмот „Гран Триунфо“, срамежливата Лети остана нејзината највпечатлива, а притоа и главна улога.
По оваа хит-серија, Анхелика глумела во многу телевизиски остварувања, а имала и неколку улоги на филмското платно.
Денес Анхелика има 46 години и води семеен живот со сопругот и двете деца, а нивната среќна идила може да се види на инстаграм-профилот на актерката.
View this post on Instagram
Ја бие глас на шармантна и убава жена која внимава на својот изглед, па денес, повеќе од цела деценија по снимањето на серијата, може да се пофали со природна убавина.
View this post on Instagram