Ким ја нарекува кралица, а кога е во присуство на манекенката се „потресува“: Канје и Ирина фатени на дело (ВИДЕО)

Ким му е непребол

Само што изјави дека разделбата со Ким Кардашијан ја споредува со смртта на Елизабета Втора, бидејќи ја изгубил „својата кралица“, модниот могул Канје Вест е виден во многу интересно друштво на афтер-забавата на модната куќа „Барбери“ во Милано.

Канје Вест се појави на забавата на брендот, а таму ја начека и неговата поранешна девојка Ирина Шајк. Интерeсно.. Забележано е како еден со друг се смеат што очекувано постоеја знаци на флерт.

На забавата беше и креативниот директор Рикардо Тиши, кој ѝ е долгогодишен пријател на Ирина Шајк, како и на славната Наоми Кембел и на манекенката Вини Харлоу. Најголемиот впечаток остави средбата на Вест и заносната Русинка, кои кога се појавија заедно во јуни минатата година во Франција, а медиумите „полудеа“ по нив.

Тука е снимката што направи „бум“ на социјалните мрежи, настаната на ревијата „Барбери“, a на која се гледа како Вест се среќава со Ирина која е многу среќна што го гледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Нејзиниот поглед, а и погледот на дизајнерот, па и прегратката, направија многумина да речат дека тоа може да го врати стариот оган меѓу нив. Така велат и на Инстаграм:

Повторно заедно!

Неодамна се зборуваше и дека Ирина наводно се смирила со поранешниот свршеник Бредли Купер, но се покажа дека тие се „само“ пријатели кои се грижат за нивното заедничко дете, ќерката Лиа.

Приказната не завршува тука, бидејќи во Милано беше и Ким Кардашијан, која заедно со култниот бенд „Долче&Габана“ ја промовираше новата колекција „Чао, Ким“, која предизвика критики.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.