Ја изневерувал на секој чекор, а по него не се венчала со друг: „Нашиот брак беше завршен уште на денот на свадбата!“

Бјанка Џегер

Своевремено изјавила дека нејзиниот брак бил готов уште на денот на венчавката

Славниот рокер Мик Џегер е познат како голем заводник, но само две жени успеале да го одведат пред олтар.

Првата била денес 73-годишната актерка Бјанка, а втората денес 62-годишната поранешна манекенка и топ модел Џери Хол, која моментално е во брак со 25 години постариот медиумски могул, Руперт Мурдок.

https://www.instagram.com/p/CCkxAdxKUJS/

Бјанка, по потекло од Никарагва, му станала сопруга во 1971 година. Венчавката се одржала во француското монденско летувалиште Сен Тропе, а парот заедно има и ќерка и Џејд.

https://www.instagram.com/p/B_90oXQHN0W/

Сепак, во 1977 година парот одлучил да се разведе, а истата година Мик се загледал во русокосата секс-бомба Џери Хол и нивниот брак потрајал 9 години, иако на крајот бил прогласен за неважечки, бидејќи бил склопен на Бали.

Попрецизно, Бјанка како причина за разводот ја навела неговата прељуба со Џери, а во една прилика изјавила: „Мојот брак беше готов на денот на венчавката.“

Иако бројни други мажи воздивнувале за оваа убавица, на озлогласениот заводник не му била доволна, па така ја изневерувал и Џери Хол.

За време на бракот со Бјанка, Џегер имал афера и со модел на „Плејбој“ цели две години, а за време на бракот со Џери се вплеткал во нови афери.

Бјанка повеќе не се венчавала. Некогаш прекрасната актерка неодамна била видена на париската модна недела, а нејзиниот изглед многумина го споредиле со оној на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

Сепак, едно мора да се признае: црнокосата Бјанка изгледа одлично за своите години.

Со овој потег Мик Џегер го упропастил животот на првата сопруга Бјанка – Бракот им завршил на денот на свадбата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.